Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, заедно со директорот на ЈПДП – Коце Трајановски, денес извршија увид во градежните работи на патниот правец од Горно Коњари до Малино. Во населено место Горно Коњари се асфалтира патот во должина од 950 метри, како и раскрсницата која води кон селото Винце. Извршена е санација со асфалтирање на делови на патниот правец од н.м.Сушица до н.м.Малино во должина од 1300 метри.


Досега, движењето по овој патен правец на возачите на моторни возила им задаваше големи проблеми, бидејки скоро целиот пат беше раскопан и со големи отвори на истиот. Сега тој проблем е решен, бидејки со санацијата на овој патен правец возењето е олеснето.

Comments are closed.

Close Search Window