Надлежности на општините во управувањето со животната средина

Закон за животна средина (Сл. Весник на РМ 53/05)

Мониторинг на состојбата со животната средина

• Општините може да формираат локални мониторинг мрежи
• МЖСПП може да го делегира правото за мониторинг
• Општините можат да водат регистар на загадувачки материи и супстанции
• Општините можат да водат катастар за животната средина (на загадувачи, создавачи на отпад, заштитени подрачја)
• Подготвуваат извештај за состојбата со животната средина на секои три години

Подигнување на јавната свест и информирање

• Општината е должна да даде подршка на образованието во подигнувањето на јавната свест за животната средина
• Воспоставување на општински ден за животна средина
• Транспарентност на информациите за состојбата со животната средина
• Воспоставување на процедура и форма за доставување на податоци и одговарање на барањата
• Креирање на сопствен систем на ширење на информациите за животната средина (њеб страна, месечни извештаи и сл.)

Планирање на животната средина-ЛЕАПи

• Донесуваат ЛЕАП во согласност со НЕАП
• Донесуваат Локална агенда 21

Оцена на влијанието врз животната средина

• Општината спроведува стратегиска оцена на влијанието на одредени планови, програми или стратегии врз животната средина (СЕА- Стратегиц енвиронментал ассесмент)
• Видовите на планови за кои се спровредува СЕА ги утврдува Владата на РМ
• Стратегиската оцена ја спроведува градоначалникот
• Стратегиска оцена се врши и на ЛЕАП
• Неопходно е учество на јавноста во СЕА постапката
• Општината дава мислење за проекти по изготвена Студија за оцена на влијанието на проекти врз животната средина кои се спроведуваат на нејзина територија (ЕИА- Енвиронментал Импацт Ассесмент)
• Општината учествува во јавната расправа за ЕИА

Интегрирани еколошки дозволи

• Општините се надлежни за издавање на Б интегрирани еколошки дозволи
• Владата на РМ ги определува Б инсталациите
• Општината води Регистер на издадени Б дозволи
• Врши контрола на Б дозволите
• Организира учество на јавноста во издавањето на Б дозволи
• Општините доставуваат мислење за А дозволи кои ќе ги издава Министерството за животна средина и просторно планирање
• Општините можат да организираат јавни расправи при постапката за издавање на А дозвола

Дозволи за усогласување со оперативни планови
Влегува во сила на 1.01.2006 и претставува услов за продолжување на работата на постојните инсталации (производни капацитети)

• Општините се одговорни за издавање на дозволи за усогласување за Б инсталации
• Прават проценка на инсталациите според индустриските сектори и нивна идентификација
• Ги определуваат посебните услови за работа на Б инсталациите со оперативните планови
• Вршат контрола во спроведувањето на дозволите за усогласување
• Организираат учество на јавноста

Спречување и контрола на хаварии

• Операторите се должни да изготват внатрешен план за вонредни состојби и да го достават до општината
• Општините изготвуваат надворешен план за вонредни состојби
• Надворешните планови претставуваат дел од единствениот систем за заштита и спасување согласно Законот за заштита и спасување
• Општините овозможуваат пристап на јавноста до содржината на плановите
• Превземаат акции во случај на хаварии
• Потребно е да се определат инсталациите од територијата на општината кои вршат дејност на производство, транспорт и складирање на определено количество на опасни супстанции

Инспекциски надзор

• Градоначалникот овластува инспектор за животна средина согласно своите надлежности
• Приходите од мандатните казни изречени од овластените инспектори се приходи на општината

Закон за заштита на природата (Сл. Весник на РМ 67/04)

• Општините можат да предложат прогласување на заштитено подрачје што се наоѓа на нивна територија
• Учествуваат во подготовката на плановите за управување со заштитеното подрачје на територијата на општината
• Можат да влијаат за развој на еколошкиот туризам
• Да ја заштитат и промовираат сопствената култура
• Да ја заштитат сопствената архитектура

Закон за управување со отпад (Сл. Весник на РМ 68/04)

Планирање при управување со отпад

• Советите на општините донесуваат план за управување со отпад не пократок од три, а не подолг од шест години
• Советот донесува едногодишна програма за спроведување на планот за управување со отпадот
• Правните и физичките лица се должни сопствените програми да ги достават до општините
• Две или повеќе општини можат да донесат заеднички планови за управување со отпадот
• Општините доставуваат извештаи за спроведување на плановите и програмите до МЖСПП

Обврски на општините

• Општините се должни да се грижат за јавната чистота и за напуштениот отпад
• Донесуваат акти за собирање, селектирање и транспортирање на комуналниот и неопасниот отпад
• Реализираат проекти и спроведуваат инвестициони зафати за подобрување на состојбата со отпадот
• Постапуваат во согласност со правилата за постапување со отпадот
• Општините се директно надлежни за комуналниот отпад (отпадот од домаќинствата, комерцијалниот, индустриски неопасниот отпад и градежниот шут)

Постапување со отпадот

• Општините се должни да водат евиденција за создадениот отпад на нивна територија
• Извештаите да ги доставуваат до МЖСПП
• Со одлука на градоначалникот може да се отстрани отпад кој се наоѓа на приватен имот
• Советот на предлог на градоначалникот донесува посебни правила за постапување со комуналниот отпад и другите видови на неопасен отпад (број на контејнери по жител, начин и фреквенција на собирање, определување на местата и шемите за собирање и селектирање на отпадот, постапките за собирање на отпадот, казни и стимулативни мерки)

Начин на остварување на јавна услуга од општините

• За собирање и транспортирање на комунален отпад и одржување на јавна чистота општините можат да основаат јавно претпријатие, сами или со друга општина
• Можат да ја доверат на правни и физички лица кои поседуваат дозвола, преку јавен тендер со склучување на договор за давање услуги

Постапување со посебни видови опасен отпад

• На предлог на градоначалникот, советот ги определува местата за третман и отстранување на инертен отпад (градежен шут) во согласност со општинските планови

Основање на депонии

• Депонија за неопасен и инертен отпад може да основаат една или повеќе општини, домашно или странско правно лице
• МЖСПП издава дозвола за основање на депонија врз основа на планот за управување со отпад во РМ, пред започнување на постапката за издавање на посебни дозволи
• Владата на РМ може да основа депонија на сметка на општините ако не е основана депонијата или не е постигната согласност на општините, заради заштита на животната средина

Мониторинг и известување

• Општините развиваат и спроведуваат мониторинг за управување со отпад на нивната територија
• Општините се должни да обезбедат собирање на податоци за општата состојба со отпадот и истите да ги направат достапни на јавноста
• Општините можат да водат Катастар на создавачи на отпад на својата територија

Финансирање

• Цената на услугата за комунален отпад се определува врз основа на количеството и видот на отпадот кој може да биде утврден како денар по метар квадратен, денар по метар кубен или денар по килограм.
• За правните и физичките лица кои создаваат комерцијален отпад цената се утврдува со склучување на посебен договор
• За правните и физичките лица кои создаваат индустриски отпад, цената се утврдува со посебен договор склучен со овластено лице
• Советот може да определи надоместок за управување со отпад од 1-2% од цената за услугата, кој се користи за спроведување на планот за управување со отпад
• Средствата за наплатени казни на овластените инспектори за животна средина се приходи на општините

Надзор

• Постојат големи овластувања на овластените инспектори за животна средина во доменот на постапување со комуналниот, комерцијалниот и индустрискиот неопасен отпад
• Правните лица кои управуваат со отпадот во рок од три години треба да се усогласат со Законот за отпад (2008)
• Владата ќе донесе посебен пропис за постапувањето со отпадот до изградбата на регуларните депонии

Закон за квалитет на амбиенталниот воздух (Сл. Весник на РМ 67/04)

• МЖСПП може да пропише построги гранични вредности за емисии на предлог на советот, доколку постои надминување на емисиите на подрачјето на општината
• Општините учествуваат во изработката на Националниот план за заштита на амбиенталниот воздух
• Со националниот план се утврдуваат зоните и агломерациите од приоритетно значење, со определување на активностите кои треба да ги превземат општините

Локални програми и акционен план

• На предлог на градоначалникот, советот донесува програма за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух
• За приоритетните зони и агломерации програмата ја донесува МЖСПП
• Во зоните и агломерациите каде постои реален ризик од надминување на пропишаните гранични вредности, општините донесуваат акционен план и други акти со предлог мерки
• Со мерките може да се ограничат или забранат одредени активности

Мониторинг и информативен систем

• Општините за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух може да воспостават локални мрежи, со претходна согласност на МЖСПП
• Добиените податоци од мониторингот се должни да ги направат достапни до јавноста
• Општините се должни да ги достават до јавноста програмите и акционите планови
• Да обезбедат пристап до информации за загаденоста на воздухот

Закон за заштита од бучава во животната средина ( Сл. Весник на РМ 79/07)

Плански документи

• Општините се должни да ја спроведуваат утврдената заштитата од бучавата, каки и да го овозможат нејзиното спроведување.
• Советите на општините се надлежни за изработка, донесување, користење и чување на стратешки карти за бучава.
• Општините се должни да ги достават на одобрување стратешките карти за бучава до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.
• Советите на општините се надлежни за изработка, донесување, користење и чување на акциони планови за бучава.
• Општините се должни да ги достават на одобрување акционите планови за бучава до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.
• При постапка за издавање на одобрение за градба, општините се должни да  утврдат дали планските документи за објектот ги исполнува посебните услови и мерки во врска со стандардите за заштита од бучавата.

Мониторинг

• Општините можат да воспостават локални мрежи за мониторинг на бучавата во животната средина.
• Општините донесуваат годишна програма за локалната мрежа на мониторинг на бучавата.
• Општините можат мониторингот на подрачјето на својата општина  да го доверат на субјект кој во нивно име и на нивна сметка ќе го врши мерењето .
• Две или повеќе општини можат да основаат заедничка служба за вршење на мониторинг.
• Општините, податоците од мониторингот на бучавата ги доставуваат до надлежниот орган на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.
• Општините можат да воспостават и одржуваат Катастар на создавачи на бучава во животната средина и истите најмалку еднаш да ги доставуваат до надлежниот орган на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.
• Податоците и информациите за состојбата со бучавата треба да се достапни на увид за јавноста.

Финансирање

• Средствата за управување со бучавата во животната средина во надлежност на општините се обезбедуваат од буџетите на општините.
• Средствата за формирање, работење, одржување и развој на локалните мрежи се обезбедуваат од буџетите на општините и други извори на средства утврдени со закон.

Надлежни органи

•  Инспекциски надзор на примената на овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон за работите во надлежност на општините го вршат овластените инспектори за животна средина на општините.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт