На само 17 километри од Скопје, на одлична местоположба се наоѓа мултифункционалната зона Ќојлија. Близината на пазар од над 700.000 жители и извор на висококвалификуван кадар, како и одличната инфраструктура и сообраќајна поврзаност, ја прават одличен избор за Вашата инвестиција.

Железничкиот коридор кој ги поврзува Централна и Југоисточна Европа е на 10 километри од зоната. Оддалечена е само 500 метри од аеродромот и директно излегува на автопатот Е-75, кој овозможува брз пристап до солунското карго-пристаниште на југ и европските пазари на север. Обезбедена е современа енергетска и патна инфраструктура, пристап до гасовод, електрична енергија, вода и телекомуникациска мрежа и услуги.

Локацијата и инфраструктурата на зоната ја прават посебно атрактивна за инвестиции во логистички и комерцијален центар. За таа намена е планирана најголемата парцела со вкупна површина од 50 хектари и почетна цена од 120 денари за 1 m2.

Зоната нуди и други можности за инвестиции во:

– Лесна и незагадувачка индустрија
– Бензински пумпи
– Мали, комерцијални и деловни објекти
– Големи трговски единици
– Хотелски комплекси
– Образование
– Здравство
– Социјална заштита

Инвестирај каде бизнисот најбрзо расте!

Стратегија за ЛЕРpdf

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт