Вести|

Денес, во Општина Петровец започна отворениот ден на кој граѓаните имаат можност да одлучуваат на кои проекти ќе бидат трошени парите од буџетот на општината. На првиот ден покрај градоначалникот Борче Митевски присуствуваа пратеничките во Собранието на Република Македонија – Бети Стаменковска Трајковска и Марија Петрушевска, претседателот на Совет на Општина Петровец – Блаже Никчевски, советничката Јагода Ивановска, директорката на ООУ „Кочо Рацин“ Петровец – Виолета Јаневска, Петар Наумовски, граѓани од неколку населени места, претставници на месните заедници.

Беа поднесени десетици идеи на граѓаните кои со големо внимание ќе бидат разгледани. Отворениот ден за граѓаните продолжува и утре во истиот термин од 11:00 – 14:00 часот.

Comments are closed.

Close Search Window