Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски заедно со претседателот на Советот на Општина Петровец – Блаже Никчевски, денес беа во посета на населеното место Сушица. Таму остварија кратка средба со дел од жителите а направија и увид во сработеното околу градежните активности поврзани со изградбата на плоштадот во ова населено место.
На средбата со жителите од ова населено место беа упатени пофални зборови до градоначалникот Митевски и до претседателот на Советот Никчевски за досега сработеното. Вакви и слични градежни активности се предвидени и во останатите населени места на целата територија на Општина Петровец.