
По повод Меѓународниот ден на старите лица, кој се одбележува на 1 октомври, градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со претседателката на ОК Петровец на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Узелац, и дел од општинската администрација го посетија Домот за стари лица „Феникс“.
Во рамки на посетата, градоначалникот Митевски им се обрати на присутните, истакнувајќи ја важноста од почитта, вниманието и грижата кон повозрасните членови на заедницата.
Како знак на признание за поддршката и досегашната соработка со Домот за стари лица „Феникс“, на градоначалникот му беше доделена благодарница.
Одбележувањето на Меѓународниот ден на старите лица претставува можност за потсетување на значењето на меѓугенерациската солидарност и создавањето заедница во која повозрасните се почитувани, поддржани и активно вклучени во општествениот живот.

