Вести|

По повод 6-ти Мај Денот на Општина Петровец во спортската сала на ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец се одржа свечена културно-уметничка програма каде настапија голем број на учесници од неколку училишта од Општина Петровец.

Свечената програма беше исполнета со богата музичка програма, музички нумери и традиционални македонски ора пред многубројните гости и присутни во спортската сала. На оваа свеченост покрај Пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска присуствуваа и уште неколку пратеници. Беа присутни и неколку градоначалници како и градоначалникот на збратимената општина Петница од Црна Гора господинот Самир Аговиќ. Присутни беа и Советниците од Советот на Општина Петровец како и претседателот на совет – Блаже Никчевски, кој воедно имаше и кратко обраќање пред присутните гости. Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски се обрати пред присутните гости и им се заблагодари на сите присутни кои се дојдени во толкав голем број, за заеднички да го прославиме овој голем ден за Општина Петровец. Накратко во кратки црти даде и кратко образложение за се што како општина е инвестирано, изградено, како и за се што се гради во моментот. По громогласниот аплауз од сите присутни отпочна и културноуметничката програма која се изведуваше на големо задоволство на сите присутни во салата.

Comments are closed.

Close Search Window