Во населено место Ќојлија се отпочна со санација на постоечкиот пат, кој води од влезот на селото па се до џамијата. Патот треба да биде асфалтиран во должина од 650 метри и широчина од 4 метри. Градоначалникот Борче Митевски го посети ова населено место каде направи кратка средба со жителите на Ќојлија.
![](https://petrovec.gov.mk/wp-content/uploads/2021/05/192013056_3016625815273955_2115086876507979351_n-1024x577.jpg)
Тие му изразија голема благодарност за се што направил за ова населено место како и за градежните активности кои се во тек околу санацијата на патот. Средствата за овој инфраструктурен проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.