Вести|

Во населено место Петровец во тек е поставување на канализациона мрежа на две улици, краци на улица 1, кои се во вкупна должина од 390 метри. Градоначалникот Борче Митевски беше на лице место за лично да се увери за текот на работата. Проблемот со отпадните води за жителите на овие две улици ќе биде веќе минато, најдоцна за дваесетина дена, односно до втората половина на месец јуни.

Во населено место Петровец остануваат уште три улички каде треба да се постави канализациона мрежа, па во целост ова населено место да биде покриено со одводна канализациона мрежа. Паралелно се вршат градежни активности околу поставување на патната инфраструктура во неколку други населенеи места. Финансиските средства за овие инфраструктурни проекти во целост ги обезбедува Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window