По повод јубилејот од 75 години постоење на ФК Петровец денес на фудбалското игралиште во Петровец се одржа пригодна манифестација каде присуствуваше и градоначалникот Борче Митевски. Во знак на благодарност, председателот на ФК Петровец му додели благодарница на градоначалникот Митевски за развојот на спортот во Општина Петровец и несебичната поддршка кон клубот долги години наназад, како и за инвестирањето во новите трибини . Фудбалското игралиште доби современ лик и истото ги исполнува условите за натпреварувања од втора македонска фудбалска лига.
Пред присутните гости, фудбалери и помагатели на клубот, се обрати и градоначалникот Борче Митевски, кој се осврна пред се во инвестирањето во спортот и усмерување на младите генерации кон спортот, меѓусебното дружење на терените и држење на младите што подалеку од улицата и пороците на денешницата. Тој истакна дека секогаш ќе ги поддржува сите клубови кои се формирани на територијата на Општина Петровец, без разлика дали станува збор за фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и сличен спорт, бидејки и тој самиот бил спортист и најдобро го познава спортскиот дух кај натпреварувачите.
По повод овој голем ден за ФК Петровец и славењето на јубилејот од 75 години постоење ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ одигра пријателски натпревар со ФК ПЕтровец кој заврши нерешено 1 : 1
Вложувањето во спортот и младите секогаш било приоритет за Митевски, а така ќе остане и во иднина.