Известувања|

Врз основа на член 35, а во врска со член 51 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (ел. весник на Р. С. Македонија бр. 199/14, 42/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 64/18) Градоначалникот на Општина Петровец го донесува следното:

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица, државната управа, научни и стручни организации од просторот опфатен со Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела и површина за градење со основна класа на намена А1- домување во станбени куќи на КП 222/4 и дел од КП 212 КО Петровец, Општина Петровец за организирана:

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

По Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела и површина за градење со основна класа на намена А1- домување во станбени куќи на КП 222/4 и дел од КП 212 КО Петровец, Општина Петровец, изработен од Друштво за градежништво, архитектура, проектирање, инженеринг и дизајн СТУДИО АТРИУМ – ДОО Штип, со технички број 013/16 од Јануари 2024г. која ќе се одржи во рок од 5 (пет) работни дена и тоа од 29.02.2024 година до 06.03.2024 година секој работен ден од 8:00 до 14:00 часот.
Јавната презентација на АУП-от ќе се одржи на ден 29.02.2024 година во просториите на Општина Петровец со почеток во 11 часот во просториите на Општина Петровец.

Анкетните листови за учество, давање предлози и забелешки во хартиена форма се наоѓаат во просториите на Општина Петровец.

За време на одржување на јавната анкета заинтересираните правни, физички лица, државната управа, научни и стручни организации по Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела и површина за градење со основна класа на намена А1-домување во станбени куќи на КП 222/4 и дел од КП 212 КО Петровец, Општина Петровец може во електронска форма преку информациониот системот е-урбанизам или во хартиена форма (задолжително преку архива со заверка) да достават забелешки и/или предлози.

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски

Синтезен планpdf

Comments are closed.

Close Search Window