Известувања|

Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање Општина Петровец го донесува следното:

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Се известуваат сите правни и физички лица, државната управа, научни и стручни организации од просторот дека во постапка е одобрување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка
индустрија, на дел од КП 27, 28 и 29, КО Петровец вон град, Општина Петровец и истиот по добиен позитивен Извештај од стручна ревизија се објавува на веб страна на општина Петровец во траење од 15 дена, во којшто период може да се достават забелешки по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, на дел од КП 27, 28 и 29 КО Петровец вон град, Општина Петровец.

Раководител во одд.
Лилјана Величковиќ, диа

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски дипл.есс

Урбанистички проектpdf

Comments are closed.

Close Search Window