Населено место Сушица доби целосно реконструиран плоштад. Овој проект беше уште едно исполнето ветување на градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски кое го даде пред жителите од ова населено место.
Финансиските средства во висина од 1.500.000 денари во целост се обезбдени од Буџетот на Општина Петровец. Вакви и слични проекти ќе продолжат да се реализираат во сите населени места согласно барањата и потребите на жителите од тие населени места.