Настани

ВОДИЦИ 2015

Вторник, 20 Јануари 2015 11:37

Светиот крст од водите на реката Пчиња во рацете на Кристијан Димитриевски од Петровец ...
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици голем број на верници присуствуваа на фрлањето на крстот во реката Пчиња во Катлановска Бања каде учество земаа двесеттина учесници.Како и секоја година така и оваа градоначалникот Борче Митевски додели лцд телевизор за најсреќниот учесник.

9805_1546433348959883_731107171011095759_n1176182_1546432968959921_7830104261879443781_n1464656_1546432955626589_5472205994080682729_n1601512_1546432828959935_4522118024874644100_n1798519_1546433105626574_4164282308995777066_n10157357_1546433408959877_8082628799124884076_n10346610_1546433195626565_7035325669691660734_n10387460_1546432925626592_8684638890746376821_n10417766_1546433382293213_7882591977013253829_n10885232_1546432722293279_8619500766858613008_n10922447_1546433338959884_8327326443468734177_n10923395_1546432662293285_8007485339545670879_n10931251_1546433228959895_6520877859768095388_n10943684_1546432752293276_7935852117574243199_n

 

ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ПО ПОВОД НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ

Недела, 11 Јануари 2015 16:32

Како и многупати досега Општина Петровец односно градоначалникот Борче Митевски делеше и ќе дели хуманитарни пакети за најсиромашните жители од општината по повод новогодишните и верските празници или за жителите на кој оваа помош им е најнеопходна во дадениот момент .Хуманитарната помош се состоеше во хигиенски  сретства,храна, и огревни дрва.Беа поделени 25 м3 огревно дрво и 25 хуманитарни пакети.Вакви хуманитарни акции ќе се организираат низ целата година се со цел да им се помогне на најсиромашните жители во општината.

20150103_10310620150103_10311020150103_10315120150103_10330220150103_103333HPIM6295HPIM6296HPIM6299HPIM6300

 

СВЕЧЕНО ПУШТАЊЕ НА УЛИЦА ВО Н.М. КАТЛАНОВО

Вторник, 23 Декември 2014 08:48

СВЕЧЕНО ПУШТАЊЕ НА УЛИЦА ПОПЛОЧЕНА СО ПАВЕР ЕЛЕМЕНТИ ВО ДОЛЖИНА ОД 270 МЕТРИ ВО Н.М. КАТЛАНОВО

На 18.12.2014 година во  Катланово свечено со сечење лента се  пушти уште една улица поплочена со павер елементи должина од 270 метри. Жителите на овој дел од  Катланово имаа отежнато движење по оваа улица особено кога ќе започнат дождовите.Сега тој проблем е надминат и истите добија модерна улица по која слободно и без потешкотии ќе можат да се движат по истата.Финансиските сретствата за поплочување на оваа улица се издвоени од Буџетот на Општина Петровец. 

1234HPIM6064HPIM6066HPIM6089HPIM6091

 

Ден на дрвото есен 2014

Петок, 05 Декември 2014 21:25

Општина Петровец дел од "Ден  на  дрвото  есен  2014"

На ден 03.12.2014 година на територија на целата Република беше организирана 14-та акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“ која оваа година се спроведе под мотото „Стоп за катастрофите“. Општина Петровец , започна со пошумување на својата територија во текот на изминатата седмица со зимзелени дрвца ( црн бор ) набавени од кумановската  подружница  на „Македонски Шуми“ и истите беа засадени во сите училишта, градинки, месни и урбани заедници. Во  Општина  Петровец  се  пошумуваше  во  населеното  место  Р`жаничино  на  локацја  м.в. Гробишта  на  ридот  во  непосредна близина на  манастирот   Св. Богородица   со   оддалеченост  20,5 км  од   градот   или 3,5 км  од  Општината.На  акцијата  активно  учество  зедоа  Градоначалникот на Општина Петровец г-дин Борче Митевски, вработените од општинската администрација, вработени  од  ЈКП  Петровец   како  и  200 ученици  при ОУ-,,Кочо Рацин,, с. Петровец од погорните одделенија за кои беше организиран  превоз  со автобуси до местото на пошумување додека оние од пониските одделенија ја спроведоа акцијата во своите училишни дворови.Свој удел во вчерашната акција дадоа и најмалку 100 полициски припадници од Факултетот за Безбедност од Скопје како и останати граѓани - жители при Општина Петровец кои самоиницијативно веќе во 9.30 часот беа на местото на пошумувањето со сопствен превоз или пеш.

Акцијата „Денот на дрвото – засади ја својата иднина“ започна во 2007 година, како граѓанска иницијатива предводена од маестро Борис Трајанов, а нејзината реализација стартуваше следната година. Општина Петровец и оваа година како и сите наназад организирани акции пролет/есен  зема  активно  учество  со  вкупно  10.000  садници  и смета дека со ваквите акции ке се придонесе за подобрување  на  животната  средина и подигање човечката свест.

HPIM5872HPIM5874HPIM5882HPIM5884HPIM5893HPIM5897HPIM5900HPIM5903HPIM5907HPIM5910HPIM5927HPIM5930

 

СВЕЧЕНО ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА НА ПОВЕКЕНАМЕНСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО Р'ЖАНИЧИНО

Понеделник, 01 Декември 2014 15:44

На 29.11.2014 година  градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски , директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и Пратеникот во Собранието на Република Македонија г-ин Влатко Ѓорчев со свечено сечење на лента го предадоа во употреба повеќенаменското игралиште во с.Ржаничино.Повеќенаменското игралиште, кое е дел од владиниот проект за изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава, е со површина од 1.300 метри и со димензии 45 x 28 метри квадратни. Игралиштето може да се користи за играње мал фудбал, кошарка, серва, ракомет и други игри и ќе биде место кое ќе претставува одлична поддршка за сите спортисти и сите граѓани на општината. Покрај тоа ќе може да се користи и во вечерните часови бидејќи е осветленo со рефлектори.

011234HPIM3171HPIM3185HPIM3200HPIM3203HPIM3211HPIM3215HPIM5808HPIM5822HPIM5834HPIM5841