Економски Развој (ЛЕР)

Културни богатства

Во рамките на Општина Петровец се наоѓаат повеке постари средновековни цркви и манастири меѓу кои:црквениот манастир од 18 век
 ,,Свети Спас,, во н.м Кожле,црквата ,,Св.Тројца,, во н.м Ќојлија
црквата ,,Св.Ѓорѓија,, во н.м Петровец, во н.м Катланово се наоѓаат црквите ,,Св.Никола,, и ,,Св Недела,, која се наоѓа во близината на Катлановска Бања,црква ,,Св.Георги Победоносец,, тоа е селска црква која е изградена во периодот на XVI и XVII век.

Кожле

Селото Кожле е познато по прекрасниот Кожленски манастир со црква посветена на ,,Мала Богородица,,
истотака во селото Кожле се наоѓаат и двете цркви ,,Свети Спас,, и црквата ,,Свети Никола,,.
Кожле е познато и по личностите кои потекнуваат од таму , како Гане Тодоровски ( 11 мај 1929-22 мај 2010) нашиот македонски академик, поет,
преведувач, професор, есеист, литературен критичар,историчар и публицист.
-Александар Андреевски (1922-2005) македонски академик,врвен лекар специјалист-оториноларинголог,доиајен на модерната оториноларингологија
во Република Македонија.
-Теодор Трајанов (1882-1945) бугарски поет член на БАН.

Брезица

Брезица се наоѓа во западното подножје на Градиштанската Планина на надморска висина од 698 метри.
Вкупната површина на селскиот атар изнесува 11,7 километри квадратни, на обработливо земјиште припаѓаат 147 ха,
на пасишта 329 ха и на шуми 661 ха.
Секоја година на 7-ми и 8-ми август во Брезица се собираат некогашните жители по повод празникот Света Петка.
На крајот од селото има два манастира едниот ,,Св.Петка,, другиот ,,Св.Недела,,.Има музика и мини панаѓур, тоа се деновите кога Брезица
повторно живнува како некогаш.

Бадар

Бадар спаѓа во редот на постарите населби во Скопската Котлина.Како утврден град под името Бадеријана постои уште во раниот среден век во римско и византиско време, за што како потврда постои сочувано народно предание.
Селото Бадар се наоѓа во долниот тек на реката Пчиња и тоа на границата на пространата рамнина од север и Прнарската(Бадерска) Клисура на југ.
   
Летевци

Маркови Кули е тврдина-гранична стража 1,6 км источно од Кожле и 1,2 км јужно од Летевци , 3 км пред устието на Пчиња во Вардар.
Претставува тесен и издаден карпест рид со стрмни страни во теснецот на Пчиња, околу кој реката врти во  голем лак.
Се издига 70 метри над реката.мало седло од источната страна го дели од повисоките планини, денес преку тоа седло поминува автопатот Скопје-Велес.
Една прастара патека ја преминува реката на тоа место, поврзувајки ги двете антички траси на Вардарската магистрала.

Катлановско Блато

Во минатото е утврдено дека во мочуриштето гнезеделе над 60 видови птици.
Поранешната врска што постоеше на релацијата од реката Вардар до езерцето, кое е опкружено со трска, прекината е и со тоа  оневозможено е
крапот кој е во реката Вардар да се мрести, во водите што се во заштитениот локалитет. Со ревитализација на дел од Катлановско Блато, и тоа со површината која е ставена под заштита на Законот, прво што треба да се направи е да се воспостави врската
што до неодамна постоеше на релацијата Катлановско Блато-шамакот и реката Вардар, што ќе овозможи полово зрелите матици на крапот да навлегуваат до неодамна мочурливата површина.Со ова ке биде овозможено тука да се мрести крапот.
Катланпвското Блато-шамакот,  како единствено мрестилиште што беше во минатото за крапот , повторно ке придонесе за одржување на рибната популација во реката Вардар пошироко по целиот речен систем на оваа река.Вака ревитализирано
Катлановското Блато-шамакот,70 хектари, што се ставени под заштита на Законот, со времето што доаѓа на тој простор ке се возобнови специфичната барска вегетација. ова неповторливо богатство, создадено од природата , ќе биде и понатаму попатна сопирна
станица на птиците преселници од север кон југ и од југ кон север.

Во однос на хидролошката состојба на водотеците истата редовно се следи од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.Годишно се вршат мерења на квалитетот и загаденоста на водата на реката Вардар и на реката Пчиња кај Катлановска бања и истите се објавуваат.


Катлановска бања

Значајно културно наследство за Општина Петровец е и Катлановската бања која интензивно ја користеле  Римјаните, а потоа и Турците.
Првиот хотел кој бил со 156 легла бил изграден дури во 1934 година.

Дивле

Селото се наоѓа во Општина Петровец, на 850 метри надморска височина, на планината Кула. Веднаш до селото има и автобуска станица која функционира од март до октомври. Во останатиот период патот не е прооден заради снег. Опкружено од 7 ридови, на кои има седум, и по стотина години стари крстови, Дивле важи за православна мека уште од 14 век кога во него се населил првиот негов жител - некојси прилепски поп.
На 35 километри североисточно од Скопје, на надморска височина од 853 метри, во селото Дивле човек навистина може да си ги одмори и мозокот и душата. Се вози многу, мислиш одиш до Охрид, и тоа преку стрмните висини на Стража. Ушите секоја секунда се затнуваат од притисокот. Треба да се поминат многу брда, додека се стигне до Дивле, затоа што е високо на планината наречена Грдиштанска. Поточно, речиси на нејзиниот врв Венец. Потоа се стигнува до Дивле. Има една селска чешма со прекрасна вода и спомен-плоча. Има и една табла на која пишува "Добре дојдовте во Дивле, чувајте ја природата". Порано, кажуваат селаните, имало една друга на која истиот поздрав го пишувало на англиски. На селаните не им е јасно зошто бил на англиски, бидејќи никогаш не им доаѓале странци. Опкружено од 7 ридови, на кои има седум, и по стотина години стари крстови, Дивле во овие краишта важи за православна мека. И не само за тоа, се фалат селаните, туку и за комитско гнездо, затоа што, на времето, во турско, во селото се родиле и загинале многу комити. Селото се наоѓа на висина каде што се гледаат 4 околии: Скопската, Велешката, Кумановската и Светиниколската. Никој не знае зошто селото се вика Дивле, но претпоставуваат, како што им кажувале старите, затоа што се наоѓа во дивина. Седумте камени крстови на тумбарките, велат мештаните, се најголемото обележје на Дивле. Секој крст се вика по некој светец. Така има св.Спас, св.Илија, св.Петка, св.Атанас, св.Недела, св.Богородица и св.Кирил. Некои се стари по сто, двесте години, можеби и повеќе. Дури и најстарите жители во селото не знаат да кажат колку. Крстовите, како што раскажуваат постарите, се ставани за да се обележи територија, односно, за да знаат и да видат сите дека во таа месност живеат христијани. Турците, порано, кога ќе освоеле некој рид, ги уривале крстовите, но мештаните, потоа, кога ќе ги истерале, пак ги граделе. Селото кое датира некаде од 14 век, сега е речиси празно. Прв жител на селото, според прикаските, бил некој поп од Прилеп, и живеел во старата црква "Св.Богородица". Таа, според некои записи, е исто од 14 век, и претходно, во времето на Турците, била под земја, бидејќи османлиите не давале црквите да се градат над земја. Преданијата за попот, велат селаните, можеби се точни, бидејќи ден-денес во дворот на црквата има стари гробови без имиња. А таму изгледа се закопани и монаси, бидејќи во овој крај најпрвин било развиено монаштвото. Денес во селото има малку мештани кои живеат постојано. Има многу викендаши. Повеќето куќи се распаѓаат. Градени се од камен и со тесни мали прозорчиња.  Во селото има само 120 овци, за разлика од порано, кога не можеле да се избројат. Пред 1950 година во селото имало 125 куќи, но постепено, а најмногу во 70-тите години, многу фамилии се иселиле .


Заштитени подрачја во Општина Петровец

Согласно законот за заштита на на природните реткости , Собранието на град Скопје на 13 мај 1991 година донесе Одлука за прогласување на Катлановскиот предел за споменик на природата.
Овој споменик на природата се наоѓа на левиот и десниот брег на реката Пчиња и левиот брег на реката Вардар , до уститето на овие две реки.
Заштитената површина изнесува 5442,6 хектари и се простира во атарот на селата Катланово, Бадар и Кожле.На десниот брег од реката пчиња каде што е Бањскиот Рид, под овие височини само на неколку метри од реката постои тераса и тука се наоѓа Катлановска Бања.

Покрај Катлановското Блато на територијата на мини регионот се наоѓа и еколошката зона Бадар.Таа е лоцирана после Катланово по течението на реката Пчиња и зафаќа голема површина, од Катланово па се до Црн Врв.
Во Бадар не само што има прекрасна природа туку тоа е и зона преполна со природни реткости. 


Патна мрежа

Во однос на патната мрежа главна карактеристика е дека Општината петровец се простира по должината на автопатот Е-75, Скопје-Гевгелија-Солун.
Пристапот до регионот го возможува и современ асфалтен пат Р 103 , преполн со благи и на места опасни кривини кој води до централната населба на општината Петровец.
Патната мрежа во рамките на  мини регионот се карактеризира со асфалтирани патишта кои водат до населените места.

Воздушен сообраќај

Аеродромот Александар Велики се наоѓа веднаш до населено место Петровец, со што се овозможува брз и лесен пристап до мини регионот.


Образование и спорт

.Основно Училиште ,,Кочо Рацин,, во н.м петровец има две подрачни училишта:
-подрачно училиште во н.м Катланово
-подрачно училиште во н.м Огњанци
.Основно Училиште ,,Братство Единство,, во н.м Средно Коњари има три подрачни училишта:
-подрачно училиште во н.м Долно Коњари
-подрачно училиште во н.м Горно Коњари
-подрачно училиште во н.м Сушица

Спортскиот живот во Општина Петровец е добро организиран, на територијата во н.м Петровец постои активен фудбалски клуб ФК ПЕТРОВЕЦ активен ловен клуб во Петровец.

На територијата на Општина Петровец постојат повеке фудбалски игралишта кои активно се користат од населението.