Вести

Расте интересот за инвестирање во Општина Петровец

Расте интересот на инвеститорите за вложување во Општина Петровец. Само за еден месец во државата каса на оваа општина, се слеале 1,5 милиони евра. Продадени се 32 локации на кои ќе се градат погони од лесна незагадувачка индустрија, трговски центар, каде ќе се отворат најмалку 500 нови работни места. Интересот, додаде Митевски е голем, бидејќи локациите кај што се направени проектите се во близина на аеродромот. Инаку оваа општина од денеска самостојно ќе управува со државното градежно земјиште, кое ќе може  го продава преку електронски јавни наддавања. Надлежностите за менаџирање со земјиштето, министерот Јанакиески му ги пренесе на градоначалникот на општината.

 

НАСКОРО - Бесплатен WiFi Интернет

НАСКОРО - Бесплатен Бежичен Интернет WiFi во Општина Петровец. Проектот е во тест фаза и наскоро се очекува негово официјално пуштање во употреба за сите жители на населено место Петровец, како и за сите посетители клои ќе бидат во непосредна близина на безичната мрежа. За да можат корисниците да го користат бесплатниот бежичен интернет, потребно е да имаат соодветни уреди за прием на бежична мрежа (Лаптоп преносни компјутери, Десктоп компјутери кои имаат wireless мрежни адаптери и мобилни телефони кои имаат wireless подршка).

За допонителни информации може да се јавите на 075/078 333-256 - Александар, како одговорно лице за овој проект.

 

Страница 15 од 15

<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 Следно > Крај >>