За Градоначалникот

naslovna2

 

Лични податоци

Презиме:Митевски

Име:Борче

Дата на раѓање:06.08.1961 г. во Скопје

Националност:Македонец

Брачна состојба:оженет татко на 2 деца:

Александра и Гоце

Адреса:с.Р`жаничино 3/4 Скопје Македонија

Тел. Бр. +389 (0)2 2562 239

Образование:Факултет по бизнис администрација-Дипломиран економист

Лиценци и сертификати:

Курс за ППЗ Заштита 09.1993 год

Курс за против Девирзиона Заштита 09.1994 год

Диплома за Обезбедување на имот и лица 2001 год

Сертификат за Airport Security Management од U.S. Department of state 04.2002 год

Курс за Анти терористички и контра деверзиона заштита 09.2003 год

Сертификат od U.S. America, Department of Defense International counterproliferation Program за WMD Integrated Exercise 05.2005 год

Сертификат за Претприемништво маркетинг,бизнис планирање и можност за користење на сретствата од ИПАРД Велес 2010 год

Спортски активности:Боксер во Боксерскиот Клуб од Куманово 1982-1992 со освоени повеќе дипломи, медали и пехари. Шампион на Македонија 5 години и Вице Шампион на СФРЈ за 1989 година

Хоби спорт :Бокс, кошарка

Јазик: Англиски

Работно искуство

Од 1980-1993год. вработен во ЗЕМ Промет Маркетинг Контрола,од 1993-2008год вработен во ЈПАУ Македонија – Аеродром Александар Велики kako Шеф на служба за физичко обезбедување

Сегашна позиција:

Градоначалник на Општина Петровец

Контакт: 

02/2562 239 - Лок.12

 

 

 

СТАТУТ НА ОПШТИНАТА

 

II. Организација и работење на органите на Општината

а) Органи на општината

 

Член 5

Органи на општината се: Советот и Градоначалникот

 

2. Градоначалник

 

Член 20

Градоначалникот ги врши своите надлежностите во рамките утврдени со закон и овој Статут.

 

Член 21

Градоначалникот може да присуствува и учествува во работата на седниците на Советот, а по потреба и на седниците на комисиите на Советот и посебните тела на Општината, без право на одлучување.

Градоначалникот може да определи и свои претставници кои присуствуваат и учествуваат во работата на седниците на Советот, неговите комисии и посебните тела на Општината.

 

Член 22

Градоначалникот, по барање на Советот, или по сопствена иницијатива,  го известува Советот за извршување поодделни работи од негова надлежност.

 

Член 23

Градоначалникот обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината.

Градоначалникот управува со сопственоста на Општината во јавен интерес и како добар домаќин.

Градоначалникот е должен, во управувањето со сопственоста на Општината, да презема мерки и да го обезбедува користењето, одржувањето и заштитата на сопственоста на Општината во согласност со закон.

 

Член 24

Градоначалникот соработува со градоначалниците на другите општини по прашања од заеднички интерес од надлежност на општините.

 

Член 25

Ново избраниот градоначалник ја превзема должноста од претходниот градоначалник во рок од 7 седум дена од денот на верификација на мандатот.

Градоначалникот својата функција ја обавува професионално.

За време на вршењето на својата функција градоначалникот не може да врши друга професионална функција.

Градоначалникот со решение определува член на Советот кој ќе го заменува за време на спреченост или отсуство но тој член не може да биде претседателот на советот.

Решението од став 1 на овој член градоначалникот го донесува во рок од 30 дена од денот на преземањето на функцијата.

Решението од став 1 на овој член се објавува во Службен гласник на Општината  Петровец.

За настапувањето на спреченоста или отсуството, градоначалникот го известува претседателот на Советот и членот на Советот кој ќе го заменува.

 

(Статут на Општина Петровец)

 

 

Share