Свечено пуштање во употреба на нова улица во с.Сушица

DSCN0243На ден 09.11.2011 во населеното место  Сушица, Општина  Петровец  од страна  на градоначалникот  г-дин  Борче  Митевски  беше   свечено  пуштена  во употреба  улица  во должина  од 150 метри, во целост обложена со бекатон плочи, со што жителите на ова населено место  добија модерна улица.


Исто така  во населеното место  Сушица  беше реновирано  подрачно училиште ОУ ,,Братство-Единство,, во кое старите  руинирани  тоалети  се заменети  комплетно со нови.
За учениците  од најмала  возраст  беше  пуштен  во употреба  и детски  забавен  парк  за  реализирање  на спортско-рекреативни , како и културни  и забавни активности  и истото ќе  претставува  пријатно катче  каде најмладите  низ игра  и забава  можат да го поминуваат  слободното време.

DSCN0241 DSCN0222 DSCN0246 DSCN0247 DSCN0250 DSCN0255 DSCN0270 DSCN0186 DSCN0179 DSCN0162 DSCN0142 DSCN0197 DSCN0282 DSCN0275

Share