Вести|

Вчеравечер се одржа финалето на скоро 40-дневните натпревари кои се одржуваа на малото фудбалско игралиште кое се наоѓа во кругот на општината. Во финалето учествуваа екипите на Барселона и Шалке, а победник на турнирот беше екипата на Барселона.


На овој турнир присутен беше и градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, кој ги додели пехарите на екипите кои ги освоија првите три места, а победникот доби награда од 70.000 денари. Градоначалникот Митевски се обрати пред присутните гледачи и фудбалерите и кажа дека секогаш ги подржува и ќе ги поддржува ваквите и слични натпревари и турнири кои се организираат на територијата на Општина Петровец, бидејки со самото тоа децата и младите ги држиме што подалеку од улицата и пороците на денешницата.

Comments are closed.

Close Search Window