Вести|

Пожарот кој денес стигна на само 300 метри до манастирот Св. Петка во Дивље е целосно изгаснат. На гасењето на пожарот на овој дел од теренот покрај градоначалникот Борче Митевски, учествуваа и претседателот на Советот на Општина Петровец – Горан Ангеловски, вработени од Општина Петровец заедно со противпожарното возило, жители од месното население како и пожарникари од Противпожарната единица – Скопје и вработени од Македонски Шуми.

За само 4 часа сите заедно организирано успеаа да го изгаснат пожарот кој се закануваше да го зафати манастирот Св.Петка но и населеното место Дивље. Општина Петровец упатува голема благодарност до сите кои учествуваа во гаснењето на пожарот и неговото ставање под контрола.

Comments are closed.

Close Search Window