Вести|

По 12-ти пат ПАОК „Ентузијаст“ го организираше маршот долг 202 километри кој денес заврши на градските гробишта Бутел, каде што се одржи чествувањето на гробот на Трајковски.

Од самиот почеток на овој меморијален марш Општина Петровец и градоначалникот Борче Митевски секоја година ги пречекува учесниците на овој традиционален марш во чест на погинатиот председател на Република Македонија – Борис Трајковски, и ги угостува со топол прием и поддршка да истрајат и да продолжат со овој марш и во следните години. По кратката средба учесниците беа почестени со скромен ручек пред да го продолжат патот до крајната дестинација, а тоа е гробот на починатиот претседател Борис Трајковски.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт