Вести|

Градоначалникот Борче Митевски беше во населено место Долно Коњари каде во тек е изградба на спортска соблекувална за фудбалскиот клуб „Долно Коњари“. Покрај градоначалникот, присуствуваа и Претседателот на Совет на Општина Петровец – Горан Ангеловски, Советникот Аднан Османовиќ како и директорот на ЈКП Петровец – Андрејчо Гроздановски и неколку жители на ова населено место.

Соблекувалната треба да ги обезбеди минимум условите кои се потребни за секој фудбалер од екипата. Објектот треба да биде завршен за приближно два месеци. Средствата за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец и изнесуваат 1.374.000,00 денари. Општина Петровец и градоначалникот Митевски отсекогаш помагале и вложувале во спортот се со една цел, што повеќе млади лица да се насочат кон спортот а да се оддалечат од пороците на денешницата.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт