Вести|

Во населено место Сушица, во тек се градежни активности на училишната зграда на Подрачното Основно Училиште „Братство – Единство“. Се менува кровната конструкција на училиштето, таванот, електричната инсталација како и фасадата. Градоначалникот Борче Митевски, заедно со директорот на ЦОУ Братство – Единство од Средно Коњари – Сали Бузаку, директорката на ООУ ,,Кочо Рацин“ од Петровец – Виолета Јаневска, пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, претседателот на Советот на Општина Петровец – Горан Ангеловски и советниците Валентина Андрејевска и Боби Блажевски од Советот на Општина Петровец, беа на лице место за одблизу да се запознаат со текот на работата.

Финансиските средства за реновирањето на училиштето се во висина од 950.000,00 денари и се очекува истото да биде завршено до почетокот на новата учебна година, каде дечињата ќе можат да ја следат образовната настава во солидни услови.

Comments are closed.

Close Search Window