Вести|

По повод христијанскиот празник Света Тројица, денес градоначалникот Борче Митевски, заедно со пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, директорката на ООУ „Кочо Рацин“ од Петровец – Виолета Јаневска, председателот на Советот на Општина Петровец – Горан Ангеловски, како и советниците Валентина Андрејевска и Боби Блажевски, беа во населените места Сушица и Ржаничино чии жители го празнуваат денешниот празник.

По вршењето на православниот обред во Црквата Света Троjица во Ржаничино и Светото место каде жителите на Сушица го празнуваат овој ден, градоначалникот Митевски направи кратка средба со присутните жители кои му приредија топол прием. Тој им го честиташе празникот и им посака убав празничен ден на сите кои го прославуваат празникот Света Тројица.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт