Вести|

Во населено место Ржаничино во тек се градежни активности околу поставување на одводна канализациона мрежа во должина од 500 метри. Градоначалникот Борче Митевски заедно со пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, директорката на ООУ „Кочо Рацин“ од Петровец – Виолета Јаневска, председателот на Советот на Општина Петровец – Горан Ангеловски и советничката Валентина Андрејевска, одблиску го следеа поставувањето на канализационата мрежа и се информираа за динамиката на поставувањето на мрежата. Се очекува до крајот на неделава овој проект да биде завршен.


Висината на финансиските средства во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец и се во износ од 800.000,00 денари. Градежните активности поврзани со инфраструктурата продолжуваат и во наредниот период на целата територија на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт