Во населено место Ржаничино, градоначалникот Борче Митевски ја пушти во употреба спортската соблекувална на ФК Ржаничино и ги предаде клучевите на одговорното лице на клубот. Соблекувалната ги исполнува основните услови како за гостинските така и за домашните фудбалери. По повод овој свечен настан, на фудбалерите и на подмладокот на клубот, како и на дел од присатните гости, градоначалникот подели маици.
За изградба на соблекувалната на ФК Ржаничино, Општина Петровец одвои од Буџетот сопствени финансиски средства во висина од 1.348.805,00 денари. Градоначалникот Митевски години наназад континуирано вложува во спортот како и во насочувањето на младите кон спортот а што подалеку од улицата и пороците на денешницата.