Вести|

Во населеното место Дивље се пушти во употреба уште една бушотина која се приклучи во системот за снабдување со вода на ова населено место. Со приклучокот на оваа бушотина која има капацитет за 24 часа да наполни 90.000 литри (90 тона) вода, се решава во целост проблемот за водоснабдување на ова населено место.

Во должина од 700 метри се постави и нова водоводна мрежа која треба да го покрие со водоснабдување и останатиот дел од ова населено место. Финансиските средства за овој проект во висина од 1.100.000 денари во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window