Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, заедно со претседателот на Совет на Општина Петровец – Блаже Никчевски, денес остварија предновогодишна средба со подмладокот на фудбалската школа на ФК Петровец.
Средбата помина во предновогодишна атмосфера и пријатно расположение каде што градоначалникот Борче Митевски се обрати пред младите фудбалери и им посака пред се многу здравје, среќа, нови победи и уште поголеми достигнувања во претстојната 2024 година која веќе ни е на прагот. Воедно на крајот од средбата дечињата беа почестени со чоколади.