Вести|

Во населено место Петровец, градоначалникот Борче Митевски беше на кракот на ул.1 каде одблиску се запозна со текот на поставувањето на павер елементите (бекатон плочки). Улицата на која се поставуваат павер елементите е во должина од 300 метри. Покрај градоначалникот Митевски присуствуваа и Претседателот на Советот на Општина Петровец – Баже Никчевски, директорот на ЈКП Петровец – Андрејчо Гроздановски, советничката Јагода Ивановска, други присутни граѓани и жители од ова населено место.

Средствата за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец и се во висина од 1.450.000 денари. Градежните активности ќе продолжат и на другите проекти на територијата на Општина Петровец во периодот што следи, се додека временските услови го дозволуваат тоа.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт