Фолклорниот Ансамбл „Етно Ѕуница“ од Петровец по враќањето од Несебар беше на прием во Општина Петровец кај Градоначалникот Борче Митевски. Целта на посетата беше освоениот трофеј за Најдобар Сценски настап на Фестивалот Црноморски Бисер во Бугарија.
На Фестивалот, Ф.А. „Етно Ѕунца“ – Петровец се претстави на сите три фестивалски вечери две во Несебар и една во Поморје, заедно со уште два Ансамбли од Македонија, како и Ансамбли од Грузија, Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Украина, Полска. На последната гала вечер на сцената во Поморје се вееја три македонски знамиња се свиреше и се пееше Македонската химна, а нашите играорци успешно ја претставија нашата Општина. Од Несебар се вративме со две дипломи и освоен Пехар. Искажуваме голема благодарност до Градоначалникот Борче Митевски и Општина Петровец за континуираната поддршка во реализација на нашите активности.