Вести|

Денес, дел од дечињата од детската градинка „Авионче“ од Петровец, заедно со своите воспитувачки беа во кратка посета на градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски по повод денот на ослободувањето на Скопје 13-ти Ноември.

На градоначалникот Митевски, дечињата му подарија рачно изработени макети од страна на нивните родители. Тука беа топло примени од градоначалникот Митевски и беа послужени со сок и кондиторски производи.

Comments are closed.

Close Search Window