Објави|

ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
04.07.2023 година

Врз основа на член 64 став 2 од Законот за Градежно земјиште („Сл.Весник на РМ“ бр.15 од
02.02.2015 год.), Градоначалинкот на Општина Петровец го донесе следното:

Решение за поништување на постапка
на Објава број 63

СЕ ПОНИШТУВА постапката за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање која е предвидено со Урбанистички план за вон населено место Ќојлија за мултифункционална зона-Изменување и дополнување, Општина Петровец, усвоена на Совет на Општина Петровец, Одлука бр.07-1494/3 од 12.11.2012 година,Урбанистички план за село Р’жаничино, Блок 6, Изменување и дополнување плански период 2011-2012, Општина Петровец, Усвоена на Совет на Општина Петровец Одлука бр.07-1494/4 од 12.11.2012 година, Локална урбанистичка планска документација за спортско рекреативен центар Д3-спорт и рекреација со компатибилна класа на намена А4,Б1,Б2,Б1,Б4,Б5,В1, со максималeн дозволен % на учество на единечна класа на намена во однос на основната класа на намена во планот 40%, на КП 366/1, КО Долно Коњари, одобрена со решение од Градоначалникот на општина Петровец бр.09-317/16 од 17.08.2021 година, поради забелешките дадени од страна на Министерството за транспорт и врски по точките 12 (дванаесет), 16 (шеснаесет),18 (осумнаесет), 20 (дваесет) и 21 (дваесет и еден) за кои сметаат дека се погрешно применети материјалните одредби од член 51 став (1) од Законот за градежно земјиште (Сл.весник на РСМ бр.15/15, 98/15, 193/15, 226/15, 31/16, 142/16 и 190/1 и Сл.Весник на РСМ бр.275/19) и материјалните одредби од член 25 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште и забелешките во документацијата за ГП.1.1 КО Долно Коњари.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Преку информацискиот систем поставен на страната www.gradezno-zemjiste.mk, Општина Петровец на ден 05.07.2023 година требаше да спорведе електронско јавно наддвање, односно електронска акуција за три градежни працели и тоа за ГП.бр 5.6 КО Ќојлија предвидено со Урбанистички план за вон населено место Ќојлија за мултифункционална зона-Изменување и дополнување,Општина Петровец, усвоена на Совет на Општина Петровец, Одлука бр.07-1494/3 од 12.11.2012 година, за ГП.6.14 КО Ржаничино Урбанистички план за село Р’жаничино, Блок 6, Изменување и дополнување плански период 2011-2012, Општина Петровец, Усвоена на Совет на Општина Петровец Одлука бр.07-1494/4 од 12.11.2012 година и за Г.П 1.1 КО Долно Коњари со Локална

урбанистичка планска документација за спортско рекреативен центар Д3-спорт и рекреација со компатибилна класа на намена А4,Б1,Б2,Б1,Б4,Б5,В1, со максималeн дозволен % на учество на единечна класа на намена во однос на основната класа на намена во планот 40%, на КП 366/1, КО Долно Коњари, одобрена со решение од Градоначалникот на општина Петровец бр.09-317/16 од 17.08.2021 година.

На ден 04.07.2023 година во Општина Петровец пристигна допис од страна на Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија заведен под наш бр.14-1225/2 од 04.07.2023 година во кои што наведуваат дека по разгледување на Објавата број 63 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија, имаат забелешки по точките 12 (дванаесет), 16 (шеснаесет),18 (осумнаесет), 20 (дваесет) и 21 (дваесет и еден) за кои сметаат дека се погрешно применети материјалните одредби од член 51 став (1) од Законот за градежно земјиште (Сл.весник на РСМ бр.15/15,98/15,193/15,226/15,31/16,142/16 и 190/1 и Сл.Весник на РСМ бр.275/19) и материјалните одредби од член 25 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште и забелешки во документацијата за ГП.1.1 КО Долно Коњари.
Имено Општина Петровец не е во можност да изврши Исправка на погоренаведената Објава за отуѓување на грдаежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање бидејќи рокот за Исправка на објавата е истечен, каде што согласно Законот за градежно земјиште во член 56 став (1) се наведува дека Исправка на обајвата врши Комисијата најдоцна 3 дена пред истекот на последниот ден за поднесување на пријавата за учество на јавното наддвање наваеден во објавата и истата се објавува во печатните весници во кои е објавена и објавата, додека пак во став (2) се
наведува дека Исправката од ставот (1) на овој член, Комисијата е должна да ја објави во истите дневни печатни весници во кои е објавена објавата, на најмалку половина страна од дневниот печатен весник како и во Службен весник на РСМ.
Поради сето погоренаведено а врз основа на член 64 став 2 од Законот за градежно земјиште (Сл.весник 15/15), Општина Петровец ја поништува постапката, која се води за Објавата број 63 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електроснко јавно наддавање,
Врз основа на изнесеното, се одлучи како во диспозитивот.

Правна поука:
Против ова Решение, дозволена е жалба во рок од 15 дена од денот на доставување, до второстепена комисија од областа на урбанизмот при Министерство за транспорт и врски
на РМ.

Општина Петровец
Градоначалник
Борче Митевски

Решениеpdf

Comments are closed.

Close Search Window