Вести|

По повод денешниот празникот 2-ри Август – Илинден, кој важи за најголем македонски национален празник но и голем православен празник, сакаме да Ви го честитаме и да ви посакаме добро здравје, меѓусебно почитување и сплотеност на целиот македонски народ. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на тој ден започнало Илинденското востание против османлиската власт.

Во 1903 година, почетокот на Илинденското востание започнало со гласното биење на камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден , кога околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Крајот на Крушевската Република го означиле последните истрели на Мечкин Камен кога загинува и војводата Питу Гули. Крушевската Република траела десет дена и била прва на балканот.

Comments are closed.

Close Search Window