Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, заедно со претседателот на Советот, Жарко Крстевски, и неколку советници од Советот на Општина Петровец, денес поделија 120 хуманитарни пакети по повод празникот Рамазан Бајрам.

Оваа активност традиционално се реализира со години наназад, со цел да се обезбеди поддршка за граѓаните на кои им е најпотребна, особено во периодот на големите верски празници.

Со ваквите хуманитарни акции, Општина Петровец ја потврдува својата посветеност кон солидарноста, грижата за ранливите категории и унапредувањето на социјалната одговорност во заедницата.

Comments are closed.

Close Search Window