Вести|

Градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, денеска во спортската сала во Петровец, заедно со претседателот на Советот, Жарко Крстевски, и советничката Драгана Узелац, поделија 1.000 чоколади на сите учесници по повод Првоаприлскиот ден.

Настанот беше исполнет со креативност и позитивна атмосфера, при што учесниците беа облечени во бројни оригинални, домашно изработени костими. Со ова се поттикна креативниот израз и учеството на најмладите, за што се упатува благодарност до сите што придонесоа во нивната изработка.

Дополнително, со чоколади беа почестени и 160 дечиња од детската градинка ЈОУДГ „Авионче“, со што празничниот дух беше споделен и со најмладите.

Со ваквите активности, Општина Петровец продолжува да организира настани кои ја поттикнуваат радоста, креативноста и заедништвото кај децата.

Comments are closed.

Close Search Window