Вести|

Градоначалникот Борче Митевски беше во населено место Катланово каде изврши примопредавање на просторијата на пензионерскиот дом Катланово. Просторијата беше опремена со комплетен инвентар кој им е потребен на пензионерите за да можат секојдневно да се дружат и се забавуваат со по некоја партија шах или табланет. Потоа Митевски го посети пазарчето каде се поставени нови тезги, а воедно размени мислења со пазарџиите околу условите и потребите за функционирање на пазарчето.

Во обиколката низ Катланово градоначалникот изврши увид на сработеното околу оградувањето на училишниот двор на подрачното основно училиште „Кочо Рацин“, како и поставување на табла за кошарка, каде младите ќе може да спортуваат. Додека за најмалите дечиња изграден е детски забавен парк во кругот на училишниот двор со поставени нови реквизити, каде дечињата ќе можат да се дружат и забавуваат. Општина Петровец продолжува со инвестиции и градежни активности во наредниот период во сите останати населени места согласно определениот план за работа.

Comments are closed.

Close Search Window