Вчера се одржа Вториот меѓународен боксерски турнир кој се организира во чест на боксерската тренер легенда Мирослав Петровиќ од Куманово. Во негова чест името на боксерскиот турнир е „МИРОСЛАВ ПЕТРОВИЌ“ кој е од меѓународен карактер каде учество освен боксери од Македонија земаат боксери од повеќе држави како што се Србија, Бугарија, Црна Гора, Косово и уште неколку други држави.
Честа за доделување на пехарите како на првиот така и на синоќешниот втор по ред турнир му е доделена на поранешниот вицешампион во бокс во тешка категорија во поранешна Југославија и актуелен градоначалник на Општина Петровец – Борче Митевски. На турнирот присуствуваа и поранешни боксери, тренери како и градоначалникот на Општина Куманово – Максим Димитриевски.