Вести|

Основното училиште „Кочо Рацин“ од Петровец денес го прослави својот патронат. Денес во училиштето се одржаа бројни активности на учениците поврзани со нивниот патронен празник, екологијата, културата, спортот како и друг вид на забавни игри. Присутните посетители имаа можност одблиску да се запознаат со креативноста на учениците.

Свеченоста беше збогатена со културно уметничка програма, подготвена и изведена од страна на учениците под менторство на нивите учители и наставници. На оваа свечена манифестација присуствуваше градоначалникот Борче Митевски кој заедно со претставници од општинската администрација положи свежо цвеќе пред бистата на Коста Солев Рацин – човекот кој се смета за основоположник на современата македонска литература. На манифестацијата присуствуваше и пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, како и претставници од Сојузот на Борците на Град Скопје.

Comments are closed.

Close Search Window