Вести|

Синоќа во спортската сала во училиштето „Кочо Рацин“ во Петровец, се одржа хуманитарен концерт во организација на Тео Стоилковски и Влатко Ѓорѓиев со поддршка од Општина Петровец.

Пред започнување на музичката изведба пред присутните граѓани накратко се обрати градоначалникот Борче Митевски. Тој ги поздрави присутните граѓани и им се заблагодари што дојдоа во толкав голем број и го поддржаа хуманитарниот концерт посветен на нашиот Марко. Во негово лично име и во име на сите присутни граѓани, градоначалникот упати порака до Марко да издржи, да се бори, да ја добие оваа тешка битка со болеста и да се врати назад од лекувањето во Франција како победник за повторно да биде со своето семејство и да продолжи со нормален тек на животот.

Comments are closed.

Close Search Window