Одлуки|

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животна средина  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Градоначалникот на Општина Петровец донесе:  
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за Локална урбанистичка планска документација за лесна индустрија Општина Петровец
 
  1. За планскиот документ  ЛУПД за лесна индустрија (Г2), на КП 656/4, 655/1 и дел од КП 654/3, КО Ќојлија – општина Петровец кој се носи согласно Закон за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.199/14, 42/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 32/20), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Петровец.
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ЛУПД за лесна индустрија (Г2), на КП 656/4, 655/1 и дел од КП 654/3, КО Ќојлија – општина Петровец, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
    – се одредува користење на многу мала област од локално значење од 0,37 ха,
    – намената и опфатот на користење нема позначајни влијанија врз животната средина и врз здравјето на луѓето.
  4. Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

Бр.постапка 29203
Датум: 30.09.2020
Место: општина Петровец
Општина Петровец
Градоначалник
Борче Митевски дипл. есс


СЕА форма за незагадувачка индустријаpdf

Comments are closed.

Close Search Window