Врз основа на член 69 од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 147/08 и 45/11) Градоначалникот на Општина Петровец
О Р Г А Н И З И Р А
Јавен увид и консултација со јавноста по Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена В2.6 Бања и лечилиште со престој и нега, на КП 87/1, 87/2, 88, 89 и дел од 86/7, КО Катланово, општина Петровец
- Се информира јавноста дека ставен е на увид и консултација со јавноста, Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животна средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена В2.6 Бања и лечилиште со престој и нега, на КП 87/1, 87/2, 88, 89 и дел од 86/7, КО Катланово, општина Петровец.
- Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина може да се разгледа и во просториите на општина Петровец секој работен ден од 8 – 16 часот почнувајќи од 15.06.2023 година до 15.07.2023 година.
- Консултaцијата со јавноста ќе се одржи на ден 07.07.2023 година во општина Петровец, со почеток во 10.00 часот.
- Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до општина Петровец во рок од 30 дена на јавен увид.
- Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина или истите можете да ги испраќате на е-маил: opstinapetrovec@yahoo.com или по пошта на следната адреса: Општина Петровец, ул. 1 бб, Петровец.
ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ
Градоначалник
Борче Митевски
СЕА Катлановска Бања |