На денешната проба на дечињата од Етно Ѕуница – Петровец посветена за Бадниковата поворка, присуствуваше и градоначалникот Борче Митевски. Општина Петровец помогна за реализацијата на оваа идеја.
Ве покануваме сите жители на општина Петровец да се вклучите во Бадниковата поворка, посебно децата на 06.01 која ќе започне од црквата Св. Ѓорѓи во Петровец после литургијата, а ќе заврши во црквата Св. Тројца во Ржаничино каде ќе има мала закуска за децата и секој кој е во можност може да донира посна храна која ќе биде доставена до семејствата кои немаат физичка или финансиска моќ да си подготват Бадникова трпеза.