Известувања|

Почитувани верници, Ве информираме дека по повод православниот празник Божиќ, традиционално и оваа година во Општина Петровец ќе се организира Бадникова порака.

Со особена чест и задоволство Ве покануваме и Вас на ден 06.01.2023 год. (петок) да присуствувате и да земете учество во истата.

– Настанот ќе започне со Света богослужба во црквата „Свети великомаченик Георгиј Победоносец“ со почеток во 08:00ч.
– Дечињата и возрасните кои ќе сакаат да земат учество во поворката треба да бидат во дворот на храмот во 08:30ч.
– Делење на осветената нафора и благословување на Бадниковата поворка во 08:50ч.
– Тргнување на поворката во 09:00ч.


Бадниковата поворка ќе се движи од црквата „Свети великомаченик Георгиј Победоносец“, Петровец до Општина Петровец каде ќе биде примена од градоначалникот наш општината и вработените, за потоа да го продолжи своето движење до црквата Света Троица во н.м. Ржаничино, каде за сите учесници во поворката ќе бидат подготвени и поделени топли напитоци.

Со вашето присуство го покажуваме нашето православно единство и ја збогатуваме оваа наша заедничка духовна радост, по повод овој голем христијански празник.

Comments are closed.

Close Search Window