Вести|

Општинската изборна комисија-Петровец денес ги врачи уверенијата за избраните советници и градоначалник на Општина Петровец ,според резултатите од изборите за градоначалник и советници, одржани на 17-ти Октомври 2021 година.

За градоначалник на Општина Петровец по четврти пат е избран Борче Митевски. По тој повод се одржа и една мала свечена пригода за успешно спроведените и мирни локални избори со градоначалникот, советниците и членовите на Општинската изборна комисија.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт