По повод големиот христијански празник Христовото Воскресение – ВЕЛИГДЕН, градоначалникот Борче Митевски традиционално секоја година доделува хуманитарна помош за социјално најранливата категорија на лица и семејства на целата територија на Општина Петровец. Оваа година се поделија 85 хуманитарни пакети со прехранбени артикли.
Во делењето на хуманитарните пакети учество земаа и Пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, председателот на Советот на Општина Петровец – Блаже Никчевски, Советниците од Советот – Јагода Ивановска, Златко Ацевски, Маријан Андреевски, како и други лица вработени во општинската администрација. Ваквите хуманитарни акции ќе продолжат и во иднина, се со една цел, да им се помогне на семејствата од социјално најранлива категорија, овој голем христијански празник да го поминат во пристојни празнични моменти.