По повод големиот муслимански празник КУРБАН БАЈРАМ, градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, заедно со сопственичката на фирмата ЏАНВИКИ – Виолета Младеновска, доделија 160 пакети хуманитарна помош во храна за социјално- ранливата категорија на граѓани на територијата на Општина Петровец. Хуманитарни пакети беа поделени скоро во сите населени места а при делењето на пакетите активно учество земаа и претседателот на Советот на Општина Петровец како и дел од Советниците од Советот на Општина Петровец.
Вакви хуманитарни акции Општина Петровец и фирмата ЏАНВИКИ организираат по неколку пати во текот на годината, се со една цел, да на некој начин се помогне на најсиромашното население. Општина Петровец и градоначалникот Борче Миевски секогаш ги поддржувале ваквите хуманитарни акции а ќе продолжат да ги поддржуваат и во иднина толку колку што дозволуваат финансиските средства од Буџетот на Општина Петровец.