Вести|

Градоначалникот Борче Митевски заедно со председателот на Советот на Општина Петровец Горан Ангеловски и дел од советниците, директорката на ООУ Кочо Рацин од Петровец – Виолета Јаневска, директорот на ЈКП ПЕТРОВЕЦ – Андреја Гроздановски, претседателот на МЗ Огњанци – Трајче Каровски, директорката на детската градинка АВИОНЧЕ – Катерина Кумановска, како и други присутни, беа во населено место Огњанци, каде се пушти во употреба уште една улица во должина од 170 метри. Улицата е поплочена со павер елементи и е со ширина од 4 метри.

Финансиската конструкција за изградба на оваа улица изнесува околу 1.800.000 денари, средства обезбедени во целост од Буџетот на Општина Петровец. Дел од присутните жители му изразија голема благодарност на градоначалникот Митевски за одржаното ветување поврзано со поплочувањето на улицатата. Градежната офанзива на Општина Петровец поврзана со инфраструктурата продолжува и во летниот период и во други населени места на територијата на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window
Големина на фонт