Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски заедно со претседателот на Советот на Општина Петровец – Блаже Никчевски и советникот Златко Ацевски, на ЈКП Петровец му доделија камион за собирање на смет, мулчер за мулирање на жбунови, гранки и растенија со дебелина на стебла до 5 см и машина за пробивање на канализациона мрежа со висок притисок. Општина Петровец изврши и целосно реновирање на Противпожарниот Дом каде е сместена администрацијта на јавното комунално претпријатие.
Директорот на ЈКП Петровец – Андрејчо Гоздановски упати благодарност до градоначалникот Митевски како и до советот, за вложените напори и издвоените финансиски средства за набавката на камионот за смет и гореспоменатата опрема, како и за уредувањето на административниот простор на ЈКП Петровец. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 5.800.000 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.