Вести|

Во населено место Петровец, по завршеното поставување на канализационата мрежа и приклучоците, на улица 22 се отпочна со асфалтирање на истата. Градоначалникот Борче Митевски заедно со Советникот од Советот на Општина Петровец – Златко Ацевски, присуствуваа на оваа градежна активност, за одблиску да се запознаат со текот на изведбата.

Улицата е со должина од 280 метри и истата комплетно треба да биде завршена за седум дена. Финансиските средства за овој проект се во висина од 1.250.000 денари и се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

Comments are closed.

Close Search Window