Вести|

Во населено место Катланово се асфалтира уште една улица во должина од 220 метри, која започнува од влезот на Катланово во правец на населеното место Блаце. На овој потег улицата беше во катастрофална состојба но сега тоа веќе е минато.

На местото каде се вршеа градежните активности, покрај градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, присуствуваше и Пратеникот во Собранието на Република Македонија од ВМРО – ДПМНЕ – Александар Николоски, советничката од Советот на Општина Петровец – Валентина Андрејевска и жители од ова населено место, за одблиску да се запознаат со текот на градежните активности. Тука остварија и кратка средба со жителите од ова населено место а благодарноста на жителите за сработеното од страна на општината не изостана и овојпат. Финансиските средства за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Планираните градежни активности поврзани со инфраструктурата продолжуваат и во периодот што следи.

Comments are closed.

Close Search Window